Душек Harmoni
Душек Harmoni
Степен на цврстина: средно-тврд/средно-мек
Висина на душек: 28cm | Состав: пенесто јадро | Употреба: двострано
Одлики:
Harmony е душек создаден за совршен баланс помеѓу удобноста и поддршката. Неговото јадро е изработено од профилирана HR пена со иновативни анатомски зони во горниот и долниот слој, кои овозможуваат приспособување кон различните делови на телото и правилна распределба на притисокот.
Анатомска поддршка за секој дел од телото
Благодарение на внимателно дизајнираните анатомски зони, Harmony обезбедува персонализирана поддршка која се прилагодува на природните контури на телото и придонесува за правилна положба на 'рбетот во текот на ноќта.
• Профилирано HR пено јадро • Анатомски зони за оптимална поддршка • Рамномерна распределба на телесната тежина • Поддршка на природната положба на 'рбетот • Намалување на притисокот во критичните точки
Еластичност и долготрајна удобност
Високоеластичната HR пена се одликува со одлична издржливост и способност брзо да ја врати својата форма. Таа обезбедува стабилна потпора на телото, додека површината нуди чувство на мекост и комфор.
Комфор што трае
Комбинацијата од анатомска поддршка, еластичност и удобност создава пријатна средина за одмор и квалитетен сон секоја ноќ.
Harmony – совршена хармонија помеѓу поддршката и удобноста.
HR ПЕНА
Материјал со високи перформанси кој се карактеризира со висока еластичност, исклучителна издржливост и цврстина. Пена со исклучителен сооднос помеѓу цврстина и флексибилност, отпорен на секакви физички деформации. Благодарение на неговите својства, пред се поради неговата сила и стабилност, погоден е и за луѓе со поголема телесна тежина. Еден од најмодерните видови на пена, со својата единствена структура, комбинација на единствена анатомска потпора и удобност, му дава на телото оптимална поддршка, овозможува здрав сон и гарантира најголема можна удобност. Поради својата специјална технологија на производство и специјалната структура на клетките, оваа пена е исклучително еластична, обезбедува многу посилна поддршка и порамномерно го распределува притисокот, обезбедувајќи идеална распределба на густината и цврстината.
РОК НА ИСПОРАКА
Доколку е достапен на залиха: 1-15. Доколку е по нарачка: 30-60 дена.
ПОБАРАЈТЕ ПОНУДА ТУКА
| Димензии |
|



